Ексклузивните гаќи Мис Тифани од 500 евра

од Vladimir Zorba

Веднаш по обраќањето на СЈО во кое што беше обелоденето дека е отворена истрага под името ,,Тифани’’ која што се однесува на физичко лице како сопственик и управител на ,,Смарт центар ДООЕЛ експорт – импорт Скопје’’ и агенцијата ,,Смарт’’ за затјување на данок, при што осомничената за наводни потреби на фирмата купила долна облека во вредност од 500 евра, на социјалните мрежи има лавина од реакции.

Какви се всушност гаќите кои што чинат 500 евра, и кого требало да го импресионираат, се најчестите коментари.

Најскапите парчиња долна облека кои што ги нудат познати брендови ретко можат да се купат кај нас во продавница се достапни преку интернет сајтовите за продажба. Едни од најскапите женски гаѓички кои што се нудат се од брендот ,,Мис Тифани’’ и се продаваат по цена од 399 британски фунти, односно 28.320 денари. Достапни се преку страницата на Амазон и ги има во повеќе модели и бои. Составот им е од ликра, погодни за машинско и рачно перење. Од бреднот „Тифани“ поевтини се белите танга гаќички, коишто се нудат по цена од 15 долари.

За да нема многу двоумење околу тоа како изгледаат гаќичките Тифани, следат фотографии во прилог.

Освен што купила долна облека за 500 евра како што тврди СЈО, осомничената за наводни потреби на фирмата купила и облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, велосипеди, сигурносни врати и друго.

Според СЈО, фирмите на осомничената одбегнале да платат даночни обврски во износ од 37.634 евра, а лично таа одбегнала да плати данок во износ од 16.924 евра. (Фокус)

Слични содржини