Експерти: Да се смени системот за земјоделски субвенции

од Vladimir Zorba

Наместо државна парична помош за земјоделците, дел од експертите предлагаат нов непаричен стимул на домашните фармери. Универзитетски професори велат дека постоечкиот модел на субвенцинирање не дава резултат затоа што поголем дел од парите наместо да се реинвестираат во зголемување на приносите и површините, завршуваат во реновирање на домовите или во школување на децата, информира АлсатМ.

„Нема развојна стратегија. Сигурно треба нешто да се менува. Да се види во структурата на земјодеството и извозната и производната структура и така да се види кој култури ќе се поддржуваат. А, субвенциите да не бидат во вид на премии, туку во вид на регрес. Премијата е директна поддршка, а регресот е индустрализација на производството. Давање помош, но не парична, туку она што им е потребно“, рече Јован Аждерски, универзитетски професор.

„Да има бон систем, да добива пари земјоделецот со која може да купува заштитни средства исклучиво препорачани од советодавец специјалист во областа, да може да купи семе, ѓубриво и на тој начин да стопанисува навистина со субенциите, но и да види бенефит во областа“, изјави Гордана Поп Симонова – универзитетски професор.

Аждерски и Поп Симонова велат дека наместо екстензивно Владата треба да работи на модерно земјоделско производство кое ќе дава високи приноси, пласман на земјоделските култури и на домашниот и на странскиот пазар. Сметаат дека Стратегијата за развој на земјоделството треба да почне да се применува во пракса. Апелираат владата да подготви барем петгодишен план за производство на земјоделски култури со што ќе се овозможи да не се создават вишоци и да се фрлаат производи. Дел од земјоделците велат дека итно треба да профункционира агроберзата, да се почитуваат договорните и гарантираните цени за откуп, да има пласман на производите, зелени кредити кои ќе бидат свеж капитал со кои ќе може да се  окрупнат површините, но и да се зголемат приносите./АлсатМ

Слични содржини