“Зошто Ракка може да биде толерирана, а леглото на Ал Каеда не можеше?”

689a8a9098778fd56757559c600bc05c
Нападите во Брисел покажаа дека терористичката мрежа “Исламска држава” се уште е способна да врши големи напади и покрај притисокот на кој е изложена, сметаат експертите, цитирани од Франс прес. 2015 година беше тешка година, но се плашам дека 2016 година ќе биде уште ужасна, вели за агенцијата претставник на силите за борба против тероризмот на Франција кој посакал анонимност. Според него колку повеќе ИД губи терен во Сирија, толку повеќе таа ќе извезува тероризмот зад граница.

Нападите во Брисел очигледно се одмазда по бранот апсења. Тие докажуваат дека има луѓе кои се подготвени во секој момент на самоубиствени напади. Нивната порака е: Ние сме секогаш тука, вие не може да не прекинете, посочува тренерот.

Има за што да се грижиме, и во Франција, и во цела Европа. Ќе преживееме многу моќен бран тероризам која ќе можеме да спречиме само делумно. Ќе фатиме некои тимови од терористи, но нема да можеме да ги фатиме сите. Тоа е невозможно, посочува експертот.

Според Томас Хегхамер, експерт од норвешкиот Институт за истражување во областа на одбраната, атентатите во Брисел докажуваат дека терористите биле подготвени. Никој не може да организира таква операција само за 48 часа, вели Хегхамер, негирајќи ка тезата дека вчерашните напади биле одмазда за извршените пред тоа апсења.

ЕУ, Грција, Турција и бегалската криза

Друг висок француски претставник, кој побарал анонимност, потсетува дека наводниот шеф на атентаторите од Париз Абделхамид Абауд споделил со свои блиски, пред да биде ликвидиран во ноември при специјална операција во Сен Дени крај Париз дека се вратил од Сирија во Франција без официјални документи, придружуван од 90 мажи – Сиријци, Ирачани, Французи, Германци, Англичани. Тогаш тој изјавил пред блиски дека ќе има уште потешки напади од париските.

Треба да гледаме на ова предупредување сериозно, вели анонимен француски експерт.

Највознемирувачки во атентатите од Брисел, е дека терористите имаат бомбаши самоубијци, кои можат да се мобилизираат веднаш за мисии. А против тоа никој ништо не може да направи. Дури воените патроли не се доволни. Тогаш е само прашање на среќа. Ако на пример момче со ранец ви се стори сомнително, го застанувате за проверка и ако носи експлозиви, го уапсат. Но на аеродромите во сообраќаен метеж тоа е невозможно. Ако се воведат контроли на багажот на влезот на аеродромите, редиците ќе се огромни и ќе се претворат во идеални цели за терористите што ќе биде уште полошо, посочува францускиот претставник.

Имаме работа со џихадисти кои се цврсто решени да дејствуваат. Благодарение на пет години војна во Сирија и во Ирак тие умеат да ракуваат со оружје и може да се создадат импровизирани моќни експлозивни направи, вели експертот.

Според Томас Хегхамер терористите се силни, зашто се обединети во мрежа. Тој предупредува дека никој не смее да мисли дека станува збор само за белгиски проблем и дека истото што се случи во Брисел, може да се случи и на друго место.

“Зошто Ракка може да биде толерирана, а леглото на Ал Каеда не можеше?”

Стратегијата на претседателот Обама – “полека но сигурно” – за разбивање на “Исламска држава” враќа по малку територии во Сирија и Ирак, но не прави ништо против харизматичната атрактивност на милитантната група, за гасење на нејзината пропаганда или за блокирање на нејзината способност да убива Европејци, коментира американскиот “Њујорк тајмс”.

Сирија, одамна се смета од страна на администрацијата на Обама за непопустлива за решавање и страничен за САД конфликт,и се покажа како инкубатор на глобална закана. Теророт “се емитува” од Ракка – тврдината на “Исламска држава” во Сирија, наведува авторот Роџер Коен.

Оваа територија која групата нарекува калифат, е опасна не толку со нафтените приходи, или со блискоста до Западот, ниту пак со контролата врз неколку милиони луѓе, туку со магнетно влијание на сунитскиот џихадизам. САД и Европа не би прифатиле нејзиното постоење во 2001 година Тие не би дозволиле терористи во едно гнездо блиску до НАТО границата во Турција да ги “отвори портите” на еден европски град што терористите повторно го направија. Но годините по 11-ти септември се чинеа исцрпувачки со многу крв и средства.

По париските атентати Обама велеше дека коалицијата против “Исламска држава” со европските и други сојузници прави добра работа. Ослободени се над 20 проценти од територијата, освоена од групата. Претседателот изрази мислење дека порадикални воени мерки за уништување на екстремистите – особено испраќање на копнени сили – би ги вклучиле САД во уште една блискоисточна војна и би ја интензивирале атрактивноста на ИД. Неговиот аргумент е дека уништувањето на ИД е можно во воен план, но што следува потоа, прашува авторот?

Според него, тоа е многу ризична политика. Таа им овозможува на ИД да сее зло во и надвор од Ракка. Пристапот на Обама се базира на постулатот дека ИД може да биде разбиена, пред европските и американските општества да бидат поткопани. Претседателот сепак не кажува кога ќе дојде победата против овие сили,со кои тој не сакаше да се идентификува, а времето има значење.

Влијанието на ИД е моќно во психолошки и политички план. Европа и САД веќе носат лузни од нанесените од неа рани. А обединета Европа – најголемото достигнување од втората половина на дваесеттиот век, е пред непосредна закана од пропаѓање. Последните напади ќе налеат вода во воденицата на антиевропските десничарски политичари како Марин Ле Пен, лидерката на францускиот Национален фронт. Тие ќе ги зајакнат повиците за враќање на контролата на границите и за искоренување на Шенгенскиот договор, кој овозможува слободно движење меѓу над дваесетина европски земји. Тоа ќе биде предизвик за европските слободи.

Будејќи ги повторно лесно создадените закани на миграцијата, исламот и теророт, тие речиси сигурно ќе дадат нови сили на оние кои водат кампања за излегувањето на Велика Британија од ЕУ на референдумот во јуни. Унијата веќе се соочува со огромнен миграција бран од Сирија и други земји во комбинација со економската криза.

А во САД теророт на ИД исто налева вода на воденицата на демагозите, меѓу кои е Доналд Трамп со неговите повици за мораториум на муслиманската имиграција и за употреба на тортура во борбата против тероризмот. Стравот е моќно политичко оружје. Многу Американци се плашат, чувствуваат дека нејасни, неконтролирани сили посегнуваат на егзистенција, безбедноста и нивната иднина. Трамп, се разбира, побрза да се фати за овие терористички напади, за да ги повтори милитантните предупредувања. “Истото ќе се случи и во САД”, рече тој. Во Сан Бернардино, Калифорнија, веќе нападнаа симпатизери на “Исламска држава”.

Прашањето што бриселските напади е дали и зошто Ракка може да биде толерирана, а гнездото на Ал Каеда – Тора Бора – во Авганистан, не можеше. Одговорите не се лесни. Но засега барем неплодниот западен приод кон фанатиците убијци од калифатот – да ги почекаме сами да исчезнат – изгледа како капитулација, завршува анализата авторот на “Њујорк тајмс”.

Слични содржини