Група независни национални експерти во САД процени дека официјални препораки поврзани со доењето, како на пример да се избегнува користењето на дополнителна исхрана преку шишенцата и бебето да биде хрането исклучително од градата на мајка му во првите денови по раѓањето, се несоодветни па дури и опасни, пренесе Франс прес.

bebe

Експертите ги анализирале резултатите од десетици истражувања за да утврдат за каков период жените се поттикнати да дојат. Заклучоците им се дека советите кон одделни индивидуи се поефикасни од општите директиви за болниците.
Се покажало дека некои директиви, како онаа на Светската здравствена организација, дека користењето на шишенцата не се соодветни при доење, можат да бидат дури и опасни. Ова тврдење е погрешно, уверуваат експертите, истакнувајќи дека шишенцата се препорачани за да се намали ризикот од ненадејна детска смрт.

Експертите не се согласуваат исто со препораката бебето да биде храето исклучиво со мајчиното млеко во првите денови по појавата на свет. Поради оваа препорака тоа може да биде изложено на ризик од дехидрација и хоспитализација, бидејќи понекогаш се потребни меѓу 4 и 7 дена, за да може мајката да има доволно млеко.

Препораката бебињата да бидат хранети со мајчиното млеко во првите 6 месеци по раѓањето беше доведено во прашање од неодамнешното истражување кое покажа дека за некои бебиња потрошувачката на мали количества алергени, како фстаци, меѓу 4-тиот и 6-тиот месец по раѓањето има поволен ефект.

Слични содржини