Експлозија во Лондон

од Vladimir Zorba

Во станбениот дел на Финсбари паркот во северниот дел на Лондон денеска имаше експлозија при што се повредени две лица меѓу кои еден полицаец. Во тек е евакуацијата на лицата кои живеат во тој дел.

Пожарникарските служби се обидуваат да го угаснат пожарот што избил по експлозијата, наведува британскиот „Експрес“.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата, што избила во еден стан. Се уште никој не е уапсен.

Портпаролката на лондонската полиција објасни дека добиле повик околу 11.50 часот, по локално време, поради инцидент во еден стан, каде се случила експлозијата.

– Засега имаме инфирмации дека се повредени две лица. Еден маж има сериозни изгореници, додека на еден полицаец му е повредена раката. Ги очекуваме останатите детали. Сите служби работат заедно на лице место, наведе таа.

Слични содржини