Екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски ќе почне по известувањето од Интерпол

од desk2

Министерството за правда треба да ја почне со постапката за екстрадиција откако ќе го добие известувањето од Интерпол за апсењето на Горан Грујевски и Никола Бошкоски во соседна Грција.

Од Министерството за правда информираат дека се уште немаат добиено такво известување од Интерпол. Двајцата поранешни началници во МВР, кои неколку месеци беа во бегство се притворени во Солун, Грција.

Министерството за внатрешни работи утрово се уште немаше добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници. Бошкоски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Двајцата од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.

Слични содржини