Екстрадицијата на обвинетите – пресвртница за најголемата афера?

од desk4

Специјалната обвинителка очекува брза екстрадиција и почеток на судскиот процес против двоецот од УБК. По веста дека разузнавачите се уапсени заедно во Грција, Јанева вели дека го чека исходот од екстрадицијата, информира ТВ24.

„Се надеваме дека екстрадициската постапка ќе заврши што побрзо, дека од грчки притвор ќе бидат префрлени во Македонија и дека судењето ќе започне побрзо.“ – изјави Јанева.

Нивните адвокати засега молчат и не одговараат на телефонските повици. По речиси една година откако СЈО почна да го одмотува клопчето за разоткривање на најголемата афера со прислушувањето на повидок е нејзино докажување пред лицето на правдата.

“Преку системите за следење на комуникациите од 2008 до 2015 незаконски била следена комуникација на најмалку 4.286 телефонски броеви без издадени судски наредби“, рече обвинителката Фатиме Фетаи. Се следело и пред да се издаде наредба и по нејзиното завршување, а такви случаи“ – изјави Фатиме Фетаи.

Очекуваната екстрадиција на двоецот од УБК, ги разбуди надежите дека обвиненијата на специјалните обвинители ќе завршат со исхгод и во судница. Патот до уривање на Тврдината во МВР која со години била недопирлива за законите беше отворен со истрагата од 29 март минатата година, а обидот да се прикријат сите траги од уништување на докази и документација поврзана со незаконското прислушување всушност ги откри трагите од нелегалното следење на илјадници телефонски броеви. СЈО прво го заклучи обвинението за унбиштувањето на доакзи и пред една година го поднесе обвинителниот акт за Тврдина 2.

Во тој предмет, Горан Грујевски е обвинет, заедно со неговите шест колешки службенички, а придружникот бегалец и колега од тајната служба, Никола Бошковски треба да сведочи против него,на предлог на Специјалното обвинителство.

Но, обидот на СЈО по скратена постапка да се докаже палењето на документи во тајната полициска база Брест кои биле носени во црни кеси, заврши заглавен во судскиот лавиринт на скопска единица цела година.

Класифициарните докази од УБК беа „стартната кочница„ со месеци за отворање на судската постапка. Откако се решија овие дилеми, Грујевски од обввинителна клупа пред делителите на правдата рече дека не се чувствува виновен и потоа си зема боледување и отсуствуваше од рочиштата.

„Од досегашното однесување на обвинетиот Грујевски и останати осомничени, обвинети и сведоци од УБК, и имајќи ги предвид дека и после отвореното боледување бил присутен во кругот на МВР, го известивме судот дека ќе побараме проверка на болеста на Грујевски и неговата оправдана спреченост да присуствува на денешното рочиште“, рече Трајче Пеливанов, јавен обвинител во СЈО.

Бегалеците се криеле под лажни имиња: Грујевски како Христо Атанасов, а Бошкоски како Неџби Хасан

Во меѓувреме СЈО поднесе уште едно обвинение за истарага под кодно име Таргет Тврдина и бараше притвори за двоецот од УБК, нивниот шеф и поранешен директор на тајната полиција Сашо Мијалков. Кривичен ги одби барањата, Апелација и врховен ги потврдија, но обвинетите го искористија временскиот расчекор во одлуките и побегнаа.

Сега според меѓународната конвенција за екстрадиција македонското министерство за правда треба да им испрати комплетна документација на грчките колеги во рок од 40 дена. Грујевски и Бошкоски се во бегство од 26 јули.

Слични содржини