Продажбата на новиот Golf модел во Германија тргна со цена од 35 900 евра.

Volkswagen официјално ја започна продажбата на електричната верзија на најпопуларниот модел – Golf. Обновената модификација e-Golf веќе е достапна на пазарот во Германија по цена од 35 900 евра.

За овие пари клиентот добива електромотор, чија моќност при новата верзија е зголемена за 19 коњски сили (на вкупно 134). Тоа овозможува забрзување од 0 до 100 км / ч за 9.6 секунди. Возилото е опремено со комплет литиум-јонски батерии со капацитет 35,8 kW / h, и обезбедува минимален километража од над 200 километри.

Од компанијата додаваат дека за време на тестовите спроведени според новата европска методологија NEDC, електричниот хечбек покажал километража од 300 километри. Во тестот сепак не се користеле фарови, клима уред, аудио и други функции на автомобилот, кои ја зголемуваат потрошувачката на електрична енергија.

Покрај електричниот агрегат, е реновирана и опремата на e-Golf. Во него влегуваат голем број дополнителни асистенти за возачот, како и системи за безбедност. Меѓу нив се систем за автоматско кочење при опасност од судир со функција за препознавање на пешаци, адаптивен круз-контрол, функција за следење на лентата на движење, контрола врз “слепите” зони, парктроник и автоматско менување на светлата при појава на возило од спротивната страна.

Во хечбекот наместо Инструменат панел табла е поставен целосно дигитален Volkswagen Digital Cockpit со големина 12,3 инчи. За него е предвиден стаклен 9.2-инчен дисплеј со целосно нов екран кој може да се прилагодува според желбата на возачот и да се управува со гестови.

Слични содржини