Елтон Џон изјави дека бил погоден од „потенцијално смртоносна“ инфекција

од Vladimir Zorba

Британската поп икона Елтон Џон ги откажа свои концерти, откако за време на својата турнеја се зарази со “потенцијално смртоносна” бактериска инфекција, информира АФП. Според ПР-от на легендата Мареј Чалмерс, сер Елтон се почувствувал многу лошо за време на летот од чилеанската престолнина Сантјаго, каде се одржал последниот концерт од Шестдневната  турнеја во Латинска Америка. Како резултат музичарот бил веднаш хоспитализиран при слетувањето во Велика Британија и има поминато 2 ноќи во одделот за интензивна нега на болничката установа.

Од оваа сабота тој е веќе дома, каде се одмора по докторски рецепт. “Инфекциите од овој тип се навистина ретки и потенцијално смртоносни”, истакна ПР-от на легендарниот изведувач. Од оваа причина во моментов се укинуваат закажаните концерти во САД – конкретно во Лас Вегас и Бејкерсфилд. Следниот настап на сцена ќе биде дури на 3 јуни во Лондон.“

Слични содржини