Елтон Џон бил цел на џихадисти

од Vladimir Zorba

Сакав да постават бомба на  концерт во Лондон на 11 септември минатата година, на кој пееше Елтон Џон, рече британскиот тинејџер Харун Саид, пренесе ББС.

Денес 19-годишниот џихадист призна пред судот во британската престолнина. Тој призна за подготовка на терористичкиот чин за време на комеморативна церемонија по повод најголемиот напад во ХХI век во Њујорк. Саид пред судиите раскажа како се обидувал да купи експлозиви во интернет и да си направи рачноизработена бомби. Тинџихадистот беше уапсен уште наесен. Тој беше откриен од прикриени агенти кои се претставиле за членови и симпатизери на “Исламска држава” (ИД). Се очекува Саид да биде осуден во јуни.

Слични содржини