Елза Патаки е една жена, која дефинитивно има многу поводи за насмевки. Таа е мажена за “најсекси мажот” на планетата –Крис Хемсфорт (според анкетата на списанието People), мајка е на три деца – една ќерка Индиа Роуз и момчиња-близнаци – Тристан и Саша, и изгледа неверојатно и освен тоа самата таа може да се пофали со успешна кариера.d88ef876cdb208c29d11105689267bb0

Овој месец шпанската актерка е ѕвезда од насловната страница на списанието Women’s Health (април / 2015), Велика Британија.

Во изданието таа зборуваше за познатиот сопруг, позирајќи за жешка фотосесија во костим за капење.9e955a7c2c2eb6a8e8a24aaa42510024

38-годишната русокоса стана супер позната покрај својот сопруг, но е факт дека во родната  Шпанија таа била ѕвезда уште пред Австралиецот Крис да го покори Холивуд.

Во минатото Елза имала врски со Адриен Броди и Оливие Мартинез, била модел, а во моментов е на породилно отсуство, но пишува блог за шпанското издание на Grazia.

Жешката убавица го коментира брачниот живот со Крис, како и тоа како ја одржува совршената форма.6a87359ea5f9109550cf55ae71996b0f

Таа вели дека не го смета нејзиниот сопруг за “најсекси”, иако целиот свет го смета за таков.

Таа вели: “Оваа титула звучи смешно, особено кога се однесува за сопругот. За мене сексапилот доаѓа одвнатре. Се разбира и јас мислам дека Крис е убав и добро граден, но никогаш тоа не му го велам, затоа што не сакам да се занесе премногу. “49fa235cdf91c79fb741c868871434a1

Елза додава: “Од време на време дури му напоменувам дека јас исто така сум била најсексапилната жена во Шпанија и тоа во текот на многу години. Се разбира, сето тоа е само шега. ”

8893af767b223aace0ed027a39371824

Слични содржини