Емануел Макрон напишал еротски роман, неговата љубовна возбуда до Бриџит Троњо?

од desk4

Францускиот претседател Емануел Макрон е автор на еротски роман, објавија локалните медиуми. Според Ле Парисиен, во 1993 година, кога имал 16 години, тој напишал роман со еротска содржина.

Детали околу неговото дело станаа јасни откако посведочи неговиот сосед.

Таа изјави за медиумите дека пред 25 години е печатен ракопис од 300 страници кој го добила од идниот претседател на Франција.

“Тој еднаш ме замоли да ги отпечатам 300-те страници што ги напишал”, рече жената за Клозер.
Таа не се сеќава на детали од делото, но според нејзините зборови тоа бил “храбар и малку експлицитен роман”.

Имињата на главните ликови во книгата биле измислени, но не е исклучено дека еден од нив е сегашната прва дама на Франција Бриџит Макрон (тогаш Бриџит Троњо). Кога Макрон ја напишал книгата, таа биле негов учител.

Слични содржини