Емануел Макрон застана на чело на Франција

од Vladimir Zorba

Новиот француски претседател Емануел Макрон со емотивен говор по преземањето на претседателската должност во Елисејската Палата вети дека на „Французите ќе им ја врати верата во животот, бидејќи Франција долго беше ослабена“, и оти сака да ја ревитализира Европската унија.

– Франција ги избра надежите и духот на победата, а јас нема да потклекнам ниту пред едно политичко ветување. Европа, каква што ние е потребна, ќе биде обновена на нови вредности и ревитализирана, бидејќи ни дава заштита. Французинките и Французите кои се чувствуваат заборавени во овој глобализиран свет ќе бидат подобро заштитени. Сакам да работам на помирувањето и обединувањето – изјави центристот Емануел Макрон, кој е на 39-годишна возраст и најмладиот претседател на Франција досега.

Макрон и неговиот претходник Франсоа Оланд се ракуваа на црвениот тепих во претседателската резиденција пред неколку стотини гости и многубројни фотографи и новинари од светските медиуми, како и телевизиски екипи кои присуствуваа на примопредавањето на претседателската должност.

Првата активност на Макрон ќе биде неговата посета на Германија утре, што е уште една потврда за неговата намера да ја обнови француско-германската оска.

Слични содржини