Британската актерка Емилија Кларк е крунисана за најсексапилната претставничка на поубавиотт пол во светот од американското списание “Мистер”.4452339

“Емилија може да биде дрска, може да биде и пријателска. Може да  го отелотворува ликот на кралицата или на добрата сестричка, на убиец или на обично девојче кое нема со што да ве импресионира”, забележува еден од водечките експерти на изданието Бенџамин Марковиц. ”

Емилија Кларк во “Игра на престоли” е неверојатна и стана неприкосновен кандидат “број еден” за најсексуалната жена во светот. Тоа е едногласното мислење на вработените на “Мистер”, на нивните семејства и пријатели “, резимира шефицата на проектите на списанието Лиза Хинтелман.

Во пролетта на 2013 година актерката доживеа аневризам на крвните садови на мозокот, по толкувањето на својата улога во претставата “Појадок кај Тифани” на Бродвеј. За улогата на “Мајката на змејовите” е удостоена со премијата EWwy Award на магазинот Entertainment Weekly во категоријата за “Најдобра женска драма актерка”.

Слични содржини