Ен Хатавеј е на пат да ја замени Ејми Шумер за да стане Барби

од Vladimir Zorba

Актерката Ен Хатавеј можеби ќе се приклучи на кастингот на играниот филм “Барби”, исфрлувајќи ја  Ејми Шумер од главната улога. Ова го соопшти таблоидот “Холивуд Репортер”.

Заплетот на “Барби” се фокусира околу жена која сфаќа дека не се чувствува на свое место во “земјата на совршените Барби кукли” и тргнува на авантура во потрага на реалноста, каде што на крајот ќе може да е своја.

Сценариото е всушност дело на Ејми, но во март таа рече дека има “отстапувања во распоредот” и го најави заминувањето. Се очекува новата холивудска продукција да излезе на 29 јуни 2018 година.

Слични содржини