Енрике Иглесијас и Рафаел Надал отворија ресторан во Мајами

од Vladimir Zorba

Пејачот Енрике Иглесијас и првата ракета во тенисот, Рафаел Надал отворија ресторан со шпанска кујна во Мајами, Флорида. Тој е всушност клон на локалот за јадење “Тате Мадрид”, што двајцата, заедно со кошаркарската ѕвезда Пау Гасол, го поседуваат веќе во родната Шпанија.

Ресторанот во Мајами се наоѓа во луксузниот хотел “Риц-Карлтон” и беше отворен официјално во вторникот.

Иглесијас, Надал и Гасол сепак веќе мислат и за следната локација на “Тате Мадрид” во светот. Според медиумите тие  фрлиле око на европскиот остров на забавите и искушенијата Ибица.

Слични содржини