Пратениците од Европскиот парламент во оваа недела на пленарна седница ќе разговараат за резултатите од референдумот во Турција со шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Меѓу главните дебати во средата е овој за идните односи со земјата, а  во дискусијата учество  ќе земе и Могерини,  посочуваат од пресслужбата на Европскиот парламент.

Во комисии ќе бидат изгласани предлозите за подобрување на пристапот на граѓаните до онлајн содржина во странство, за заштита на децата на интернет и за создавање на Европски фонд за одржлив развој , кој ќе работи на решавање на проблемите, водечки до миграцијата кон ЕУ.

Парламентот ќе гласа резолуција за политичките случувања во Венецуела, откако по прашањето веќе беше одржан пленарна дебата претходно овој месец.

Во среда ќе бидат разгледани социјалната заштита во Европа и балансот меѓу работата и приватниот живот во врска со претставувањето на предлози во оваа област од страна на Европската комисија.

Претседателот на групата на министрите за финансии од еврозоната Јерун ДеЈселблум ќе се обрати пред Парламентот во четврток  за напредокот во економските реформи во Грција.