ЕП фудбал У-21: Домаќинот Полска со гол од пенал се спаси од пораз

од Vladimir Zorba

  Домаќинот на Европското првенство за фудбалери до 21 година селекцијата на Полска го освои првиот бод во групата откако синоќа во дуелот од 2.коло во Лублин одигра нерешено 2:2 против Шведска.

Полска до нерешениот резултат стигна со голот од пенал на Давид Ковначки во 90+1 минута. Претходно во финишот на првиот дел Шведска (актуелен европски шампион) постигна два гола преку Карлос Страндберг (36.минута) и Јакоб Ларсон (41.минута) и имаше водство од 2:1. Првиот гол го постигна Лукаш Монета во 6.минута.

На првиот дуел од 2.коло од А групата Англија ја победи Словачка со 2:1.

Табела: Англија 4 бодови, Словачка 3, Шведска 2, Полска 1.

Сите четири селекции во групата имаат шанси да го освојат првото место.

Денеска се играат двата натпревара од 2.коло од Б групата. Во Бидгошч од 18 часот играат Македонија и Србија, а од 20:45 часот е дуелот Шпанија – Португалија.

Слични содржини