Репрезентациите на Италија и на Германија ја комплетираа „четворката“ полуфиналисти на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Полска.
На синоќа одиграните дуели од 3. коло од групата Ц Италија ја победи Германија со 1:0, а за двете селекции да бидат во полуфиналето им „помогна“ Данска која со 4:2 ја победи Чешка.
Првото место во групата го освои Италија со 6 бодови, додека Германија има исто шест бодови но пораз во меѓусебниот дуел.
Но, Германците се најдобрата второпласирана селекција од трите групи. Во мини табелата на второпласираните селекции Германија има 6 бодови и гол разлика (5:1), Словачка има 6 бодови (6:3), а Португалија 6 бодови (7:5).
Во полуфиналето на 27 јуни ќе играат: Англија – Германија (18 часот во Тихи) и Шпанија – Италија (21 часот во Краков).
Македонија по комплетирањето на првата фаза шампионатот го заврши на 12.место.

Слични содржини