ЕП усвои резолуција за Косово: Веднаш да се формира Заедница на српски општини

од desk2

Европскиот парламент усвои денеска резолуција за Косово, а од Приштина бара да се воспостави Заедница на српски општини.


Парламентарците дадоа до знаење дека „Асоцијација (Заедница) на српски општини не е воспоставена, не е направен нацрт за нејзиниот статут, а за формирање на Асоцијацијата одговорни се властите на Косово.“

Затоа наведуваат дека Европската унија мора од властите во Косово да побара да формираат работна група на високо ниво со јасен мандат за изработка на предлог статут кој ќе биде објавен и даден на расправа во косовското собрание.
Во резолуцијата се напоменува дека досегашните договори во дијалогот Белград-Приштина мора да се спроведат и до Европската слуѓба за надворешни работи, на чие чело е Федерика Могерини, кое ќе контролира колку се спроведуваат договорените обврски и за тоа да поднесат извештај до Европскиот парламент.
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан синоќа во расправата за резолуцијата за Косово во Европскиот парламент изјави дека дијалогот Белград – Приштина мора да продолжи, како и дека Косово мора да продолжи со реформите во областа на владење на правото, економскиот развој и образование.

Тој изборите во Косово ги оцени како мирни, наведувајќи дека тоа е знак на демократска зрелост на жителите на Косово. Сепак рече дека имало наводи за застрашувања и притисоци за време на кампањата што е неприфатливо.

„Косово мора да стане привлечно за инвестиции, за им обезбеди на своите граѓани квалитетно образование и да го намали големиот степен на невработеност. Владата што доаѓа мора да покаже дека силно е посветена на решавање на системските слабости во областа на владеење на правото“, додава Хан.

Во резолуцијата се нотира дека ЕП изразува загриженост поради и понатамошното постоење на паралелни структури на Србија во косово, а бараат заемно прифатливо решение .

Од лидерите на заедниците на косовските Срби бараат да преземат одговорност за своето место и улогата во косовските институции и да се ослободат од влијанието на Белград, па конструктивно да придонесат за напредок на Косово.
Од властите на Косово се бара и понатаму да го поддршуваат вклучувањето на српските претставници и да градат заемна доверба.

Воспоставување на Специјалниот суд за судење на воените злосторници во Косово и Канцеларијата за специјалниот тужител на тој суд во Хаг европратениците го поздравија како клучен чекор кон обезбедување правда и померивање и оценија дека заштитата на сведоците е од пресудна ваѓност за успехот на тој Специјален суд.

ЕП повторно нотира дека пет држави членки на ЕУ не ја признаваат независноста на Косово, а смета дека признавањето би било од корист за нормализација на односите на Косово и Србија и би ја зголемило уверливоста на ЕУ во нејзината надворешна политика.

Пратениците го осудија праќањето на српскиот националистички воз од Белград во северно Косово и изразија загриженост поради пораките со кои се повикува на војна.

Исто така, загрижени се поради апсењето на Рамуш Харадинај врз основа на меѓународна тужба која во 2004 година ја издаде Србија, врз основа на универзална надлежност на својот суд за воени злосторства. Во резолуцијата се изразува загриженост што тој закон се злоупотребува против граѓани на земјите од поранешна Југославија.

Во документот на ЕП се изразува задоволство од укинувањето на визите за граѓаните од Косово.

Слични содржини