Епидемија во Пјонгчанг: Норовирусот погоди уште 11 лица

од Vladimir Zorba

Организациониот комитет на Олимписките игри во Пјонгчанг 2018 најави нови 11 случаи на многу заразниот норовирус, што го прави бројот на засегнатите вкупно 139 во последните неколку дена.

Епидемијата избувна во средината на неделава, откако тоа принуди домаќините да ставаат под карантин 1.200 припадници на безбедносните сили на Олимпијадата, а на нивно место итно беа мобилизирани 900 војници. Засега нема засегнати спортисти.

Организаторите продолжуваат со обидите да го откријат изворот за заразата, откако беа проверени квалитетот на водата и беше направена инспекција на олимписките објекти, ресторани и хотели.

Симптомите на норовирусот вклучуваат гадење, повраќање, дијареа, стомачни и мускулни болки, главоболки и температура.

Слични содржини