„Епл“ ќе ги претстави најновите иновации денеска

од Vladimir Zorba

Американската корпорација “Епл” ќе ги претстави денеска најновите иновации. По традиција фирмата не открива никакви информации за нови производи до самата прес-конференција, но експертите не се ни сомневаат дека меѓу нив ќе бидат неколку модели смартфони од серијата iPhone, како и ажурирана верзија на “паметниот” часовник “Епл вотч”.

Многу од специјалистите во сферата на технологијата истакнуваат и дека оваа година “Епл” го слави 10-годишен јубилеј од продажбата на првиот iPhone, па нема како да не го забележи со специјално изненадување.

Според порталот “Џа Виргил” веста ќе е врзана со производството на најсложениот паметен телефон некогаш создаден од “Епл”.

Се очекува тој да биде со безрамков OLED екран (кој ќе ја зазема целата предница на телефонот), подобра камера, сензори за тридимензионално максило скенирање за отклучување на уредот и функции за безжично полнење.

Освен тоа “ултра-iPhone-от” ќе биде без копчето “Старт”, а сензорот за отпечатоци ќе биде ставен ставен под екранот. Според прогнозите на Ројтерс цената на таков модел може да надмине илјада долари.

Слични содржини