„Епл“ ќе вработи инженери од НАСА за тестирање автономни автомобили

од Vladimir Zorba

Американската технолошка компанија “Епл” во понеделникот објави дека ќе вработи од НАСА шестмина специјалисти во областа на роботиката, кои ќе го надгледуваат развојот и ефикасноста на беспилотни автомобили. Слична акција демонстрира индиректно признавање од страна на корпорацијата дека е заостаната значително зад своите конкуренти на автомобилскиот пазар и сега се обидува да го надомести изгубеното време, нагласува”Волстрит џурнал”.

Според изданието шестмината нови вработени во “Епл” ќе бидат инженери специјалисти во областа на роботиката, кои освен размената на знаење и искуство ќе ја добијат можноста и да ја тестираат лично ефикасноста на автомобилите “Лексус”, опремени со технологија за беспилотно управување.

При тоа од предното седиште, а во првата фаза на проектот ќе бидат испробани три слични возила, информира весникот “Волстрит џурнал” потсетувајќи дека пред “Епл” си беа поставиле за цел да развијат само полуавтономни автомобили.

Постепено амбициите на компанијата станаа големи и таа одлучи да создаде целосно автономно возило кое го “познава” сопственикот по отпечатоците од прстите и се управува со притискање на копче, со кое превезува патници до нивната дестинација.

Освен тоа, на крајот на март НАСА офицално објави дека вклучува прототипи на самоуправувачки роботски автомобили кон проектот за усовршување, чија крајна цел е да се развијат веродостојни и сигурни транспортни средства “, способни да ја анализираат ситуацијата на патот и да се движат без возач”.

Слични содржини