Американскиот рапер Доктор Дре ќе ја толкува главната улога и ќе биде продуцент на првиот серијал на компанијата Епл, пишува магазинот “Холивуд репортер”.4654467

Серијата насловена како “Vital Signs” (виталните знаци) ќе е полуавтобиографска. Првата сезона ќе се состои од шест епизоди и ќе се шири со помош на Епл Мјузик.

Доктор Дре – неговото вистинско име е Андре Романија Јанг – е познат американски рапер, актер и продуцент. Дре е една од највлијателните личности во хип-хопот и е еден од учесниците во рап групата NWA основана во 1986.

Слични содржини