Ербас ја започна изградбата на својата прва фабрика за хеликоптери во Кина

од Vladimir Zorba

Ербас груп (Airbus Group) ја започна изградбата на својата прва фабрика за хеликоптери во Кина, соопштија светските агенции. Се очекува претпријатието да ги отвори вратите на крајот на идната година во градот Циндао, Источна Кина.

Фабриката за составување на хеликоптери е заеднички проект на француско-германската Ербас хеликоптерс, сестринска фирма на Ербас груп и кинеската Циндао јунајтед Џенерал авиејшн (Qingdao United General Aviation), прецизира ТАСС.

Првично ќе се составуваат до 18 лесни хеликоптери Ејч 135 (H135) годишно, но производствените капацитети можат да бидат зголемени во зависност од потребите на пазарот. Првиот хеликоптер треба да слезе од транспортер во 2019 година. Минатата година Кина стана најголем пазар за граѓански хеликоптери на Ербас хеликоптерс.

Според прогнозите, со кои располага кинеската новинска агенција Ксинхуа, во следните 20 години Кина ќе му требаат околу 600 патнички хеликоптери од тип Ејч 135 кои се користат за медицински потреби, од полицијата, пожарникари, од спасувачите, како и во секторот на туризмот .

Слични содржини