За прв пат откако се искачи на власт во 2002 година, исламската -конзервативна Партија на правдата и развојот (АКП) го губи парламентарното мнозинство, според прелиминарните резултати од вчерашните парламентарни избори. АКП освои три последователни изборни победи досега, како секој нареден пат ја зголемуваше предноста. Овој пат сепак, макар и повторно да излезе победник од изборите со поддршка од околу 41 отсто, таа беше лишена од удобното апсолутно мнозинство во парламентот и од можноста да состави влада.

тур избори

Партијата  ги губи и шанса да преземе саканите од претседателот Реџеп Таип Ердоган уставни промени за воведување на претседателски систем на управување. За да може да приемени  такви промени и да ги стави на референдум, на  АКП и се потребни најмалку 330 пратеници во 550-члениот Меџлис. Пресметките покажуваат дека во новиот парламент партијата ќе има 259- пратеници. Главната порака на избирачите од вчерашниот гласање е дека тие не сакаат Ердоган да добие поголеми правоцијА во управувањето со земјата преку воведување на претседателски систем на управување.

АКП излезе победник од изборите, но во исто време електоратот му покажа црвен картон на Ердоган што се однесува до неговите амбиции да си обезбеди поголема власт. Набљудувачите коментираат дека избирачите реагирале на негативната и на агресивната пропаганда на АКП пред изборите, а несогласувањето  со оваа линија се изразило и во зголемување на гласовите за опозициските партии.

Како најголем победник на вчерашните парламентарни избори изби прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), која успеа да го прескокне највисокиот 10 проценти праг за влез во парламентот и да си обезбеди повеќе од очекуваното пратеници, околу 80 според пресметките врз основа на конечни резултати. ДПН за прв пат се појави на овие избори како политичка партија и покрај нејасните предвидувања успеа да заземе место во парламентот како четврта политичка сила. Досега курдските политичари учествуваа на избори како независни кандидати. Формирањето на коалициска влада на оваа фаза изгледа премногу комплицирано. кКмалистичката Републиканска народна партија (ЦХП)  ја задржи својата позиција на водечка опозициска сила, собирајќи околу 25 проценти поддршка. АКП и ЦХП сепак имаат огромни идеолошки разлики. Трета останува Партијата за националистичка акција (МХП) на Девлет Бахчели со поддршка под 17 проценти. Таа беше разгледана како најверојатен партнер на АКП во случај на коалициска влада, но претставник на АКП вели дека слична унија е малку веројатна, пренесува Ројтерс. “Ако има коалиција АКП-МХП, тогаш ние нема да успееме да го собереме дури ова ниво на поддршка на следните избори “, посочи тој. “Очекуваме малцинска влада и предвремени избори”, изјави истиот извор, кој побарал да остане анонимен. Портпаролот на националистичката партија Октај Вурал исто даде да се разбере дека засега прашањето за можна коалиција со АКП не е на дневен ред. Опција за коалициска влада со владејачката партија исклучи и лидерот на прокурдската ДПН Селахатин Демиртас. “Тешко, невозможно е да се замисли еден Ердоган, кој ќе се согласи со одлуките на кое и да било коалициска влада”, коментира аналитичарот Бурак Каја. Тој предвидува дека дури и да се формира коалициска влада, таа нема да опстане долго, па веројатно е Турција да оди на нови предвремени избори, можеби следната година

Слични содржини