Ердоган: Германија ќе стане нормална кон Турција по изборите

од desk2

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека односите меѓу Берлин и Анкара ќе се нормализираат по изборите во Германија.


„Целосно сме свесни дека поради внатрешно-политички причини европските држави се против нас со критики и напади. Видовме Холандија, која поради изборите ги затегна односите со нас. Сега сме сведоци на истата тактика од страна на Германија. Но, јас сум убеден дека откако поминат изборите таму, земјата ќе се врати во нормалноста “, посочи Ердоган во својот говор на отворањето на новата фабрика за овошни сокови во Аспарта, југозападна Турција.

Тој истакна дека и покрај настаните околу обидот за преврат од 15 јули минатата година демократијата и економијата се во пораст, а во однос на строгоста на законот и владеењето, Турција е многу понапредна од голем број западни земји.

Според него, довербата на странските инвеститори се зголемува интензивно, а во последните 14 години странските инвестиции достигнале рекордно ниво од 181 милијарди долари.

Освен тоа, иако се води `клеветничка` кампања против земјата, во моментов хотелите во одморалиштето Анталија се 80% полни со туристи од странство.

Денеска и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изрази уверување дека билатералните односи наскоро ќе се нормализираат. Чекор во таа насока е постигнатиот договор делегација од 8 пратеници од Бундестагот да ја посетат базата на НАТО во провинцијата Кони, а иницијативата за оваа посета е од турската страна.

“Воената база, каде што се наоѓаат група војници од Бундесвер, ќе биде посетена од германски пратеници на датум, одреден од претставници на НАТО. Сите воени бази на територијата на Турција, вклучувајќи Инджирлик, се под јурисдикција на Анкара. Од гледна точка на Турција, сепак не е прифатливо германските парламентарци да остварат посета на Инджирлик, во јужната провинција Адана. Сега зборуваме за тоа дека делегацијата од Берлин ќе оди единствено во базата во Кони што е договорено на ниво министри за надворешни работи на двете земји. Таму се распореди делови на НАТО кои учествуваат во операциите против терористите од Исламска држава/. Станува збор не само за авијација, туку и за копнени сили “, изјави Чавушоглу.

Слични содржини