Огорчен поради исклучувањето од офанзивата, предводена од Ирак против ДАЕШ (арапски акроним на “Исламска држава”) во Мосул, и курдските територијални придобивки во Сирија, претседателот Реџеп Ердоган предупреди дека Турција “нема да чека ножот да стигне до коска”, туку ќе дејствува сама за елиминација на непријателите.

page_times-modern-sultan-erdogan_593807166

Во говорот во претседателскиот дворец Ердоган ја претстави имагинацијата сликата на Турција, ограничена од странски сили “, чија цел е да не натераат да ја заборавиме османлиската и Селџучката историја “, кога предците на денешните Турци држеле територија која се протега во Централна Азија и Блискиот Исток, пишува Ројтерс (Reuters).

“Отсега натаму ние нема да чекаме проблемите да затропаат на нашата врата, нема да чекаме ножот да стигне до коска, нема да чекаме терористичките организации да дојдат и да не напаѓаат”, изјави тој пред стотици “Мухтари”, претставници на локалната власт, како генерално лојални на владата.

“Ќе ги отстраниме до корен сите кои ка поддржуваат сепаратистичката терористичка организација”, рече тој, мислејќи на борците на ПКК, кои водат 30 годишен бунт против Турција и имаат бази во северен Ирак и Спарс во Сирија. “Нека одат каде што сакаат, ние ќе ги најдеме и уништиме. Го изјавувам тоа многу јасно: тие нема да најдат во странство место на кое ќе се спокојни “.

Се повеќе борбен станува тонот во говорите на Ердоган во последните неколку дена,а тој е иритиран што на Турција како членка на НАТО не и беше доделена поголема улога во офанзивата за Мосул, поддржана од САД. Тој е налутен и од поддршката на Вашингтон кон борците на курдската милиција, кои се бореа со ДАЕШ во Сирија.

Ердоган го јавна патриотски бран, откако обидот за воен удар во јули не успеа да го симне од власт, а неговата порака за силна Турција е профитабилен потег меѓу најревносните приврзаници.

Анкара имаше спор со Ирак поради присуството на турски сили во кампот Башика крај Мосул, како и поради тоа кој би требало да учествува во офанзивата во претежно сунитскиот град, некогаш дел од Отоманската империја и се уште се смета од Турција дека спаѓа цврсто во сферата нејзиното влијание.

Ердоган предупредува за меѓу-секташко крвопролевање ако ирачката армија се потпира на борците на шиитската милиција. Според него бил постигнат договор со американската армија, турски ловци да се приклучат на операцијата во Мосул, иако Вашингтон изјави дека од ирачката влада зависи кој ќе учествува.

“Тие мислеа дека можат да не држат надвор од Мосул, дека ќе не исплашат со ПКК и ДАЕШ … Мислат дека можат да влијаат на нашата иднина преку рацете на терористичките организации”, рече тој. “Ние знаеме дека оружјето на терористите наскоро ќе експлодира во нивните раце”.

Расте чувството на немоќ во Турција да ги контролира настаните надвор од границите , откако коалицијата предводена од САД ја насочи борбата со џихадисти во Сирија, наместо на отстранување на сирискиот претседател Башар Асад, кој е во основата на војната според Анкара.

Особено гневен е Ердоган на поддршката што САД ја дава на курдските милиции во Сирија.

Вашингтон ги смета за корисни сојузници во борбата со џихадистие додека Анкара ги гледа како експанзија на ПКК. “Знаеме за што станува збор во овој регион. Вие сте странци. Вие не знаете “, изјави Ердоган под бурен аплауз во говорот на отворањето на новата академска година.

Реџеп Ердоган предупреди за напорите за “реструктуирање на регионот”, но истакна дека Турција нема да стои настрана.

Ги пПредупредувам терористичките организации, секташката влада во Багдад и владата на Асад, кој го убива сопствениот народ: на погрешен пат сте. Огнот кој се обидувате да го запалите ќе ве изгори вас, повеќе од нас “, рече тој.

“Не сме должни да ја исполнуваме улогата што некој ја одредил за нас. Почнавме да исполнуваме нашиот сопствен план “-изјави Ердоган.

Слични содржини