Ердоган: Идејата за „Голема Албанија“ е неприфатлива за Турција

од desk3

– Тоа се лоши работи. Ете, гледате што се случува на Блискиот исток, во Ирак, Сирија… Не сакаме такви кризи да се случуваат на Балканот. Постојат такви кои за Балканот се обидуваат да направат такви планови, но тоа нема да им го дозволиме. Ние заговараме почитување на суверенитетот и интегритетот на државите и тоа мора да се сфати. Затоа такви игри не смеат да се прават во Македонија, БиХ, Албанија, Србија, истакна Ердоган.

Шефот на турската држава порача дека сите тие земји треба да го продолжат својот пат кон кој се движат.

Тој додаде дека различностите во секоја земја и општество мора да се препознаат и да се искористат како богатство, оценувајќи дека таквото разбирање на работите може да им помогне на овие земји.

Слични содржини