Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа повторно ја критикуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Ердоган го обвинби Израел дека е окупаторска држава.

Турскиот претседател оцени дека Израел „предизвикува терор со својата полиција и војници“ и додаде дека „одлуката на Трамп не е во согласност со законите или правдата“.

– Израел продолжува да се шири и да ги потиснува палестинците. Израел е држава на окупација. Тие напаѓаат цивили, вклучително и деца во Газа и на Западниот брег, спроведувајќи терор со својата полиција и војници, вели Ердоган.

Тој посочи дека во изминатите денови разговарал со светски лидери, како и со папата Франциско и дополни дека тоа не е само муслиманска работа, туку проблем и за христијаните и за Евреите.

– Лидерите треба да тежнеат кон мир, а не да предизвикуваат немири. Одлуката на Трамп не е во согласност со правото. Одлуката зададе тежок удар на Советот за безбедност на ОН. Она што денес го доживуваме е само резултат, а проблемот е во системот, истакна Ердоган.

Слични содржини