Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ЕУ неизбежно ќе се соочи со уште земји кои сакаат да го напуштат овој блок, доколку продолжи по истиот пат.ердон

Во својот говор по повод британскиот референдум и одлуката за напуштање на ЕУ, Ердоган истакна дека Унијата ги одложува напорите на Анкара да влезе во ЕУ поради исламофобија.

Тој ја обвини ЕУ дека користи двојни стандарди и предупреди дека уште земји ќе сакаат да излезат од Унијата.

– Моментната пракса против Турција е исламофобична, затоа одлагаат да не примат. Ако ЕУ продолжи по истиот пат, за кратко време ќе се соочи со нови напуштања, нагласи турскиот претседател.

Слични содржини