Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека семејното планирање и контрацепцијата не се за муслиманските семејства.

Претседателот посочи дека е одговорност на мајките да обезбедат постојан пораст на турското население, што од своја страна се зголеми за 1,3% во последните неколку години. Една од главните политики на Ердоган е поврзана со промоцијата на идејата за раѓањето на повеќе деца.

erdogan

“Ќе го кажам јасно. Ние треба да го зголемиме бројот на нашите наследници “, рече тој во говорот во Истанбул. “Луѓето зборуваат за контрола на раѓањето, за планирање на семејството. Ниедно муслиманско семејство не може да го разбере и прифати тоа “, додаде тој.

Самиот претседател е татко на четири деца – две женски и две момчиња. Претходно овој месец помалата ќерка се омажи за бизнисменот Селчук Бајрактар. Поголемата ќерка Езра и сопруга на актуелниот министер за енергија Берат Албайрак веќе има три деца.

Ердоган повеќе пати предизвика критики на феминисти и активисти за правата на жените со своите коментари за полот и семејното планирање. Говорејќи по повод светскиот ден на жената оваа година, тој посочи дека “жената пред било што друго е мајка”. Во 2014 година тој го опиша контролирањето на наталитетот како “предавство”, а во друг свој коментар за бројот на децата во семејството, тој изјави дека “едно (дете ) значи осаменост, две значат ривалство, три значат рамнотежа , а четири се семејство “.

Слични содржини