Ердоган: Не ja поддржувам тезата дека Катар го финансира екстремизмот

од Vladimir Zorba

Не ги оправдувам сомневањата за врски на Катар со тероризмот, играјќи посебна игра, уште не знаеме кој стои зад неа, но не треба да дозволиме зголемување на тензиите и конфликти во регионот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во седиштето на партијата.

Тој истакна дека Турција ќе продолжи да ги зајакнува односите со Катар, иако дипломатската и транспортната изолација на емиратот,  e наметната од страна на 7 арапски држави. Според него оваа иницијатива нема шанси да успее, бидејќи не нуди политичко решение и не обрнува внимание на историските, социјалните и културните динамика на регионот.

“Многу наскоро тие ќе разберат дека си дозволиле сериозна грешка и наместо да заземаат став против терористичките организации, тие ги опслужуваат со политики. Ако некој си дозволи да посегне на територијалниот интегритет, ние ќе реагираме веднаш. Постојат меѓутоа територијални интереси кон Ирак и Сирија, во никој случај не треба да се дозволи прекројување на границите . Статус кво во Советот за безбедност при ОН не е во можност да одговори на проблемите на денот, а санкциите на арапските држави за Катар не притискаат во сложена ситуација во многу области. Потребно е прво ОН да го  ажурира и реформира системот за безбедност според духот на времето и Советот за безбедност да се обрати до сите 196 држави “, коментира Ердоган.

Тој посочи дека категорично не ги одобрил санкциите против Катар и го поздравил ладнокрвното однесување на Доха во кризната ситуација. “Ќе вложиме максимални напори за изнаоѓање на излез од кризата во Персискиот залив. Ќе продолжиме да ги прошируваме и зајакнуваме  врските со Катар. Водиме дијалог за решавање на проблемот. Не ја поддржувам тезата дека Катар финансира екстремизам, ако тоа беше вистина, јас ќе бидам првиот шеф на држава кој би се спротивставил. Има некоја посебна игра тука, уште не сме  го откриле кукловодот , кој ги држи конците, но нема да ги поддржиме очекувањата на оние кои се стремат со интервенција да провоцираат пораст на тензиите во регионот “, рече уште Реџеп Ердоган.

Слични содржини