Ердоган: Планините се полни со оружје, не е безбедно вонредната состојба останува

од desk3

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека во Турција нема да биде укината вонредната состојба по неуспешниот воен удар се додека ситуаацијата во земјата целосно не се смири. “Не можеме да ја укинеме вонредната состојба се додека не се постигне целосен мир и благосостојба”, рече Ердоган на состанокот на биснисмените во Истанбул.

Тој истакна дека југоисточните и источните делови на Турција и понтаму се преплавени со оружје. ”Планините на југоистокот и исотокот се полни со пештери во кои се сместени големи количества на муницаија, тоа се како подземни градови”, рече Ердоган. Повеќе од 49.000 луѓе се уапсени по неуспешниот воен удар во Турција во јули минатата година во кој загинаа 240 луѓе, поголемит дел цивили. Околу 150.000 луѓе се под истрага.

 

 

Слични содржини