Турскиот премиер Давутоглу се повлекува од претседателската функција во владејачката партија. Се претпоставува дека наскоро ќе ја напушти и премиерското фотелја. Веројатно јазот помеѓу него и Ердоган веќе е голем-пишува DW.

0,,19233375_303,00
“Во оваа држава ништо не е она што се чини на прв поглед. Тоа е земја која се претворила во игралиште на големите сили”, напиша анонимен автор на блогот “Pelikan Dosyasi” (Датотека Пеликан) за Турција. “Штом некој предавник биде откриен и елиминиран веднаш на негово место треба да биде инсталиран некој друг”, пишува авторот, кој не крие дека е верен обожавател на претседателот Реџеп Таип Ердоган. А под “предавник” очигледно го има предвид турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Последната публикација во овој блог фрла светлина на еден спор кој се води во раководството на турската владејачка Партија на правдата и развојот (ПРС) уште од 2002 година наваму. Всушност во средата вечерта претседателот Ердоган и премиерот Давутоглу требаше да ги исчистат споровите меѓу себе, само што по средбата дознавме дека премиерот е на пат да се повлече од функцијата. А во четвртокот на пладне (5.05.) тој самиот објави дека се повлекува од функцијата претседател на ПРС.

Кога во 2014 Ердоган беше избран за претседател, тој ги довери претходните позиции на Давутоглу. Така вториот стана премиер на Турција и лидер на владејачката партија. Со текот на времето, сепак, почнаа да се појавуваат разликите меѓу нив и нивните односи залдија. По предвремените избори минатата година, конфликтот беше привремено закочен, но сега спорот меѓу двајцата се разгоре со нова сила, напиша новинарот Серкан Демирташ од “Hürriyet Daily News”. “На пример Давутоглу размислувал за евентуално обновување на мировните преговори со Курдите, но во исто време за Ердоган одлуката е само една – целосна победа над нив”, пишува Демирташ.
Мераците на Ердоган

Ердоган мечтае освен тоа за повеќе претседателска власт. Всушност државното управување е конципирано така што да ги дава основните надлежности на премиерот на земјата. Предходно турскиот претседател многу ретко се е мешаше во политиката – до моментот во кој Ердоган стана таков. За да ја претвори Турција во претседателска република сепак, кон кое се стреми тој, треба да биде променет уставот. А за тоа на неговата партија и недостасува потребното парламентарно мнозинство од 3/5 од гласовите. Само што премиерот Давутоглу очигледно воопшто не брза со саканата од Ердоган промена на државното уредување.

0,,18820356_401,00

Според информација на блогот “Датотека Пеликан”, кога Ердоган одлучил да го направи Давутоглу премиер и партиски шеф, тој му поставил два услови на наследникот : да води независна политика од онаа на Западот и неговите “тројанци”, како и да помогне трансформирање на Турција во претседателска република. Давутоглу сепак не го има направено ниту едно од двете.

Листата на разликите меѓу двајцата лидери е прилично долг. На пример Давутоглу се согласи да бидат испитани за корупција четворица министри од Партијата на правдата и развојот, додека Ердоган беше категорично против. Покрај тоа, турскиот премиер не го одобрува тврдиот приод на претседателот против критичките медиуми.

Удари под половината
Всушност столот на Давутоглу се клати уште од крајот на април. Тогаш раководството на ПРС му го одзеде правото да именува претставници на партијата во одделни провинции и општини. А со тоа, турскиот премиер загуби една силна внатрепартиска алатка. Според информација на турскиот новинар Мустафа Акјол, иницијатор на оваа промена бил лично претседателот Реџеп Ердоган.

Во меѓувреме битката помеѓу двајцата се води со секакви средства. Така на пример се претпоставува дека токму Давутоглу се погрижил слики на синот на министерот за транспорт Бинали Јилдирим во казино во Сингапур да станат јавно добро. Јилдирим е поврзуван за можен наследник на Давутоглу како претседател на ПРС. Компромитирачките материјали очигледно се силен удар по неговите амбиции – уште повеќе, дека обложувањето би требало да е табу за еден чесен муслиман. Заедно со министерот за транспорт, турските медиуми го покажуваат како најверојатен кандидат за лидерската позиција во партијата и министерот за енергетика Берат Албајрак кој е зет на претседателот Ердоган.38-годишниот министер за енергија е оженет за најголемата ќерка на претседателот – Есра.

0000301584-article2
За кадровската политика на Ердоган е карактеристична присутната недоверба кон сè и секого, но членовите на семејството засега се исклучок, истакнува авторот на публикација во “Deutsche Wirtschafts Nachrichten”.

Албајрак е фаворизирана од страна на Ердоган за голем број причини и непотизам не е единствениот аргумент. Како министер за енергетика зетот на претседателот помогнал за концентрирањето во рацете на семејството на Ердоган на целиот сектор, кој е исклучително важен за претседателот на Турција, мислејќи на сомнителната улога на неговиот син Билјал во нафтените договори со “Исламска држава”, потсетува весникот , цитирано од РИА Новости.

Во ноември министерот за информациите на Сирија Омран ас Зоуби соопшти дека нафта од “Исламска држава” се испорачува на транспортна компанија, сопственост на Билјал Ердоган. Според зборовите на сирискиот политичар синот на турскиот претседател купувал суровини и историски вредности од џихадисти.

Во вторникот притиснатиот до ѕидот премиер се обрати кон фракцијата на Партијата на правдата и развојот: “Можам да се простам со секоја позиција, но не и да ги разочарам пријателите со кои ме поврзуваат општи работи”, изјави тој во емоционален говор пред пратениците. Неговото порака е: партијата треба да служи на интересите на земјата.

Турските медиуми во моментов размислуваат дали двајцата лидери на чело на државата ќе се судрат уште еднаш пред Давутоглу да поднесе оставка како премиер. Според авторот на блогот “Датотека Пеликан” работите се повеќе од јасни: “Сите знаеме кој тука е губитник”, напиша тој. А опозициското издание “Џумхуриет” директно го нареди Давутоглу во т.н.. “Клуб на губитници”. Во тој клуб фигурира исто името на поранешниот турски претседател Абдула Ѓул, кој своевремено исто така беше притиснат до ѕидот. И тоа повторно од Ердоган.

Слични содржини