Турција е решена, заедно со Иран и Русија, да преземе напори за враќање на мирот и стабилноста во регионот, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со иранскиот колега Хасан Рохани.

Rouhani-Erdogan

– Денес повеќе од било кога претходно ние сме решени рака под рака со Иран и Русија, со заеднички мерки, да се обидеме да ги решиме регионалните проблеми и имаме намера да ги активираме напорите за враќање на мирот и стабилноста во регионот, изјави Ердоган.

Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на иранската агенција ИРНА, Ердоган го информирал Рохани и за ситуацијата во Турција.

Сепак Ердоган и турската разузнавачка служба МИТ знаеле за превратот

– Во моментов ситуацијата се нормализира, но засега е се уште рано да се зборува дека е се завршено, изјави Ердоган.

Рохани, од своја страна, ги пофалил храброста и политичката зрелост на турскиот народ, кој ја одбрани законски избраната власт. /МИА

Слични содржини