Ердоган: Турција и САД заедно можат да ја претворат Рака во „гробишта“ за џихадисти

од Vladimir Zorba

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција и САД можат, со заеднички сили, да ја претворат Рака, таканаречената престолнина на „Исламската држава“ во „гробишта“ за џихадисти.

– Големата Америка, коалицијата и Турција можат заедно да ја направат Рака гробишта за џихадисти. Тие ќе бараат место каде да се скријат, рече Ердоган.

Оваа изјава доаѓа пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, планирана за 16 мај.

Претходно овој месец, Турција објави дека ја завршила шестмесечната операција „Еуфратски штит“ во северна Сирија.

Слични содржини