(ВИДЕО) Ердоган во интервју за CNN: Нема да бидам диктатор – “јас сум смртен, можам да починам во секој момент!„

од Vladimir Zorba


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека промените во Уставот на земјата не го прават диктатор. Во интервјуто дадено за CNN, а направено во резиденцијата во Анкара, тој рече дека резултатите од референдум нема да го стават на нивото на вечните управници.

“Јас сум смртен и можам да починам во секој момент”, истакна тој.

Според него, спроведувањето на уставните реформи не е чекор кон диктатура. “Таму каде што постои диктатура, не треба да има претседателска форма на управување”, појасни шефот на државата.

Коментирајќи ја малата предност на уставните измени, Ердоган изјави дека “не е важно со каков резултат си победил – дали со 1: 0 или со 5: 0, крајната цел е да победиш “, истакна тој.

Слични содржини