Ерекат: Палестинското раководство ги разгледува сите опции

од Vladimir Zorba

  Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат синоќа изјави дека Палестинците нема да разговараат со САД се додека американскиот преседател Доналд Трамп не ја промени својата одлука за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.

Ерекат во изјава за телевизијата Ал Џазира нагласи дека во сегашните околности палестинското раководство „ги разгледува сите опции“ како можен одговор на одлуката на Трамп.

Тој сепак одби да посочи кои се опции ги разгледува Палестинската автономна управа.

Претходно, синоќа како што јави МИА, постојаниот претставник на САД во ОН, Ники Хајли изјави дека Вашингтон останува ангажиран во блискоисточниот мировен процес и покрај одлуката на Трамп.

Според неа, САД се уште имаат кредибилитет како посредник меѓу Израел и Палестинците.

– САД се уште имаат кредибилитет на двете страни, нагласи Хејли.

Слични содржини