Ерменски артист креира уникатни фустани користејќи секојдневни предмети

од Vladimir Zorba

Модниот артист потпишан со името Едгар Артис од Ерменија за цртање на прекрасните фустани се инспирира од секојдневните плодови на природата. Неговите креативни модни скечови вклучуваат листови од роза, различни растенија и храна, прибори за јадење, дури и живи материи како топлата вода, и сè останато што ќе му се најде при рака во текот на денот – шампон, кафе, гумени бомбони. Исто така, тој многу често наоѓа инспирација и во шарите на станбените објекти околу него, плочките на ѕидовите, итн.

На јутјуб можете да најдете и видеа кои ја покажуваат целата процедура, па можеби некое клипче ќе ви ја разбуди креативноста и ќе ве натера и вие да се испробате со некој плод од нашето поднебје.

Погледнете неколку од неговите цртежи, меѓутоа внимавајте бидејќи има голема можност и да ви се пријаде:

A.T.

Слични содржини