Еротски роман што бил забранет пред 270 години повторно е цензуриран

од desk2

Еротскиот роман „Funny Hill” кој зборува за сексуалните подвизи на млада девојка е збранет во Велика Британија за да не се вознемират студентите.

Романот бил забранте пред 270 години кога бил издаден поради содржината. Тогаш го забранил лондонскиот бискуп кој откако го прочитал, рекол дека нешто поразвратно не прочитал.

Цензурата е укината во 1970 година и беше достапен и користен како литература на универзитетите, а во 2007 година е направена и телевизиска адаптација што ја работеше BBC.

Сега, на иницијатива на експертка за книжевност од 18 век, Џудит Хаули од Универзитетот Лондон забраната повторно е воведена поради страв дека студентите може да се вознемират. Сепак, не го делат сите ова мислење.

„Помислата дека младите жени и мажи треба да се заштитат од читање е трагична“, вели професорот Франк Фуреди од Универзитетот Кент.

“Funny Hill” се смета за прва англиска порнографија во проза и прв ваков роман. Иако е најзабрануван, стана и најпопуларен па читателите секогаш наоѓаат начин да го прочитаат.

Слични содржини