Ерусалим пост: Претседателот на палестинската власт нема да оствари средба со Мајк Пенс Скандалот расте!

од desk4

Претседателот на Палестинската автономија Махмуд Абас нема да се сретне со американскиот потпретседател Мајк Пенс, средба што претходно беше закажана за подоцна овој месец, потврди денеска висок советник од Рамалах, три дена откако шефот на државата Доналд Трамп најави големи промени во американската политика во однос на Ерусалим, пишува Ерусалим пост

Како дел од неговата турнеја низ Блискиот Исток, Пенс требаше да се сретне со Абас во втората половина на декември.

“Нема да има средба со Пенс, бидејќи одлуката на САД ја премина црвената линија”, изјави Мајда ал Халид, советник за дипломатските прашања на Махмуд Абас.
“Ќе бараме нов посредник од нашите арапски сојузници и од меѓународната заедница, посредник, кој може да помогне да се оствари дводржавно решение”, изјави за возврат министерот за надворешни работи на Палестинската автономија.

Истовремено од Белата куќа прецизираа дека Пенс “се уште планира да се сретне со Абас според закажаниот распоред” и “смета дека би било контрапродуктивно да се откаже средбата”. В
Во средата, во говорот во Белата куќа Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел и најави дека дипломатското претставништво на САД ќе биде префрлено од Тел Авив во овој град. Американскиот лидер, сепак, истакна дека останува приврзаник на дводржавното решение на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците

Слични содржини