Во Брисел денеска почнува дводневен самит на ЕС на кој главна тема ќе биде резултатот од референдумот за членство на Британија во Европската унија.hqdefault-1

Се очекува британскиот премиер Дејвид Камерон да ја претстави ситуацијата во Британија по референдумот.

За среда е закажан неформален самит на 27 држави членки на ЕУ, првпат во тој состав, а на кој ќе се разговара за политичките последици од британскиот референдум.

– Ќе разговараме за т.н. процес на развод опишан во Член 50 од Лисабонскиот договор. Потоа ќе разговараме за иднината на ЕУ со 27 членки, пишува во поканата претседателот на ЕС, Доналд Туск.

Претседателот на ЕП, Мартин Шулц изјави претходно дека одлуката на Камерон да се чека до октомври Британија да побара напуштање на ЕУ, е „скандалозна“ и со тоа „целиот европски континет би станал британски заложник“.

Германски медиуми јавуваат дека поради тоа, ЕП и Шулц се со намера на Британците да им дадат рок до денеска официјално да го известат Брисел за исходот од референдумот.

Слични содржини