Есенски вкус: Сос од јаболка со цимет

од desk4

Јаболката и циметот заедно создаваат неповторлива комбинација на вкусови која потсетува на есен.

Во продолжение, рецепт за сос од јаболка со кој можете да ги премачкате есенските колачи, да го користите како сос за бисквити или со него да ги полните палачинките.

Pixabay

Состојки:

5 поголеми јаболка
150 мл вода
Сосема малку сок од лимон
Половина лажичка цимет
Кора од портокал (или арома на портокал)

Подготовка:

Излупете ги јаболката и исечете ги на мали коцки. Префрлете ги во длабок сад и додадете ја водата, па капнете неколку капки сок од лимон. Откако ќе зоврие, варете уште 15 минути во поклопено тенџере.

Додадете го циметот и аромата на портокал. Изблендирајте со рачен блендер ако сакате мазна смеса, а ако повеќе сакате парчиња, изгмечете со пресата за пире од компири.

Слични содржини