Македонско-грчката граница е затворена, и ситуацијата ескалираше денес кога имаше тепачка меѓу бегалците од Сирија и од други области на Блискиот Исток, а едно лице од Мароко подлегна на повредите здобиени ос струен удар.

migrants-hungary-austria-germany

До ескалацијата дојде по вчерашниот конфликт, кога границата беше затворена и повеќе од 3.000 мигранти го блокираа преминот од импровизиран камп во Идомени од грчката страна на границата.
Портпаролот на грчката локалната полиција, Петрос таниос изјави да се верува дека едно лице од Мароко загинало од струен удар во контакт со висок напонски кабел бидејќи се качил на покривот на воз.

Разбојници “сработија” едно казино, еден тинејџер во Скопје и двајца прилепчани

Властите донесоа дополнителни полициски сили на границата.

Од ноќеска на полноќ, претставници на УНХЦР и неколку невладини организации го напуштиле кампот од безбедносни причини.

Економските емигранти, што не дозволуваат премин, им се заканувале на бегалците од војната.

Полицијата употреби солзавец за да ги потисне на демонстрантите од Пакистан, Мароко и Иран.

Грчката полиција минатата ноќ само го напушти кампот.

Мигрантите се опремени со алатки за сечење кабли. Дел од оградата е уништена.

Слични содржини