Неколку грчки медиуми денеска пишуваат за отворањето на редакцијата на македонски јазик на туската национална новинска агенција Анадолија, при што не пропуштија да ја обвинат македонската страна за „иредентизам“.

„Неоотоманското расположение во Анкара не само што се уште постои, туку и покренува турски иницијативи на Балканот. Државната новинска агенција на Турција, ‘Анадолија’ отвори свои нови канцеларии во Скопје“, пишува весникот „Етнос“ додавајќи дека агенцијата ќе објавува вести на македонски и албански јазик.грцки весни

Според „Етнос“, показател за турското расположение е тоа што го изјави вчера во Скопје турскиот вицепремиер Акдоган кој, како што пишува весникот, „зборуваше дека отворањето на редакцијата е нов мост на пријателство, кој нема да биде само глас на Турција во Македонија, туку и гласот на Македонија во светот“.

Друг информативен портал, „Понтосњуз“ коментира дека со отварањето на редакцијата на македонски јазик, „Турција ја реафирмира нејзината јасна поддршка за иредентистичките тенденции на Македонија“. /МИА

Слични содржини