Делегацијата на ЕУ во Скопје испрати реакција откако опозицискиот лидер Заев објави дека се прислушувани шест амбасадори. Во официјалната реакција Делегацијата на ЕУ во Скопје изразува длабока загриженост.
eu delegacija

– Ако дипломатската коресподенција била пресретнувана, тоа претставува прекршување на одредбите на Виенската конвенција од страна на земјата домаќин. Ова треба да биде испитано од истражните власти на транспарентен и независен начин, се вели во реакцијата.

Италијанскиот амбасадор во Македонија за Радио Слободна Европа изјави дека бил информиран од шефот на СДСМ дека неколку актуелни и неколку поранешни амбасадори биле прислушувани.

Слични содржини