ЕУ бара визни ограничувања за државите кои нема да си ги земат назад мигрантите

од desk3

 

Земјите членки на ЕУ денеска одлучија да воведат визни ограничувања на земји надвор од Унијата, кои не сакаат да си ги земат назад граѓаните со одбиен азил во Европа, објави агенцијата Ројтерс. За време на дводневниот Самит во Брисел 28 – те  лидери се договориле да ги користат “сите можни лостови, вклучувајќи и ревизија на визната политика кон трети земји”, рече висок дипломат од ЕУ.

“Можеме да ги користиме визите за да ги убедиме да ги прифатат назад”, луѓето на кој им е одбиен азилот, изјави изворот и додаде дека мерката ќе биде насочена главно кон владејачките елити кон овие земји. Некои земји како Бангладеш и Нигерија често одбиваат да ги прифатат граѓаните кои ЕУ сака да ги протера,  објави Ројтерс.

Слични содржини