Ќе дојде ли до “Brexit” (излез на Велика Британија од ЕУ)? Тоа би било кошмар за Вашингтон, загуба за Германија и брилијантна Победа за Путин, тврди поранешниот британски министер за Европа, Денис Мекшејн.

0,,16358142_303,00

Британскиот премиер Камерон им вети на своите сонародници дека ако го реизберат во мај оваа година ќе организира референдум за членството на земјата во ЕУ. Поранешниот министер за европски прашања од кабинетот на Тони Блер Денис Мекшејн е убеден дека тоа ќе нанесе тешки времиња за Британците. “Ќе има хаос и тешки преговори со Брисел, кои ќе траат две-три години … Јас сум против овој референдум”, вели тој.

Малку други политичари во Велика Британија знаат така добро Европа, како 66-годишниот Мекшејн. Сега тој прогнозира можно излегување на неговата земја од ЕУ. “Има премногу луѓе кои едноставно не веруваат дека може да се стигне дотаму, поради што не ја земаат опасноста за сериозн. Тие сметаат дека приврзаниците на излегувањето од ЕУ се во малцинство, дека станува збор само за неколкумина екстремисти од сортата на Руперт Мардок .

Само што овие луѓе се лажат – станува збор за целиот британски печат, за конзервативната партија, како и за ЈУКИП, која освои 25% од гласовите на европските избори, дури и за делови од лабуристите, од бизнисот, и др – Кога сите овие луѓе ќе се обединат, резултатот ќе биде “не” на Европа и Велика Британија ќе ја напушти Европската унија “, убеден е Мекшејн.

Како станаа брачни партнери
Пред 50 години ЕУ беше уште силно привлечна за Велика Британија – тогаш заедницата имаше двојно повисок економски раст од оној на Островот. Денес е спротивното, вели поранешниот министер од Лабуристичката партија и изразува жалење што сè помалку Британци учат странски јазици, а влијанието на Лондон во европските институции паѓа.

Многумина Британци денес се чувствуваат како брачни партнери, на кои 42- годишниот соживот со ЕУ им е одамна преку глава: “спиеме во одделни простории, не го цениме особено партнерот, кој не сака повеќе за пари, а конечно за капак ни ја донесува и целата сиромаштија од странство, чиј јазик дури не го разбираме. Не е ли подобро тогаш едноставно да се разделиме? “, ја објаснува Мекшејн логиката на ова размислување.

 

Со идејата за развод сега кокетираат делови од бизнисот, поголемиот дел од весниците, популистите од ЈУКИП, како и конзервативците, кои по Маргарет Тачер се претворија во евроскептична партија. Оние претставници на ториевците, кои не се изјасниле категорично дека се “за” излегувањето на земјата од ЕУ, немаат шанса да бидат поставени за кандидати, тврди уште Денис Мекшејн.

Антиевропската реторика

Ексцентричниот градоначалник на Лондон Борис Џонсон, сочен за можен наследник на Дејвид Камерон на премиерската функција, исто се обложува целосно антиевропската линија. Тој тврди дека му е сеедно дали Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. А Денис Мекшејн цитира една премногу вознемирувачко реченица од биографијата на Черчил, чиј автор е Џонсон: “The Gestapo controlled Nazi EU” (во превод: Контролираната од Гестапо нацистичка ЕУ).

0,,16727223_401,00
Премиерот Камерон засега се воздржува од слични испади. Но убедениот Европеец Мекшејн добро се сеќава како пред десетина години тој ги советувал Камерон: “Ако сакате да застанете на чело на партијата, ќе ви треба да се откажете од нешто на што таа држи. “Стави крај на оваа штетна Антиевропските реторика!”. А Камерон му се заблагодарил за советите, но рекол: “Јас сум многу поголем евроскептик, отколку што можете да замислите, господин Мекшејн”. И доказите не задоцнија.

Победа за Путин

Опасноста, Велика Британија да ја напушти ЕУ, е толку голема и поради тоа што Дејвид Камерон не успеа да постигне ништо суштинско во преговорите за реформирањето на ЕУ, тврди Мекшејн. Според него, во геополитички поглед разделбата на Велика Британија со ЕУ би претставувала огромна победа за рускиот претседател Путин и неговата политика на принципот “раздели и владеј”. За Вашингтон тоа би бил вистински кошмар, а Германија би загубила еден свој либерален евроатлантски партнер. “Ако навистина дојде дотаму, ќе имаме една нова Европа, сосема поинаква од денешната. Таа сепак нема да биде достоен пример за поддршка, бидејќи ќе биде загрозена од нови разслјувања и нови европски референдуми за излез”, вели Денис Мекшејн.

Слични содржини