ЕУ ги дигна безбедносните служби под тревога, се чекаат напади од екстремисти

од Vladimir Zorba

Безбедносните служби и полициите во Европската унија се ставени во состојба на максимална тревога поради опасност од терористички напади од страна на исламски екстремисти, кои ја напуштаат Сирија и Ирак, тврди италијанското издание “Република”.

Се предупредува дека екстремистите ќе го користат Балканскиот пат, за да дојдат до земјите од Западна Европа, каде ќе извршат терористички напади. Изданието нагласува дека мерките за безбедност се особено засилени во Италија, каде што на 25-ти март ќе се соберат  владините и државни раководители од ЕУ во Рим, за да ја одбележат 60-годишнината од формирањето на Унијата.

“Република” повикувајќи се на разузнавачки извори и истакнува дека има се повеќе докази дека разбиени екстремистички сили во Ирак и Сирија се упатуваат назад кон Европа, а нивниот пат поминува низ Балканот.

Извор: БНР

Слични содржини